До денеска во 12 часот нема поднесено тужби од партиите против одлуките на Државната изборна комисија (ДИК) за приговорите за првиот круг од локалните избори што се одржаа во неделата, потврдија за МИА од Управниот суд.
Рокот за партиите да поднесат тужби до Управниот суд е 24 часа и истекува вечер имајќи предвид дека ДИК синоќа им ги достави решенијата на политичките партии за чии приговори одлучуваше.
Снежана Кипровска, виш судски соработник во Управниот суд информира дека синоќа до судот пристигнала една тужба од Ѓорѓи Шарковски против, како што стои во поднесениот документ, „државната администрација во Кривогаштани“ во врска со поднесување на листа за кандидати за градоначалник. Судечки совет во Управниот суд ја разгледува оваа тужба.
За тужбите по решенијата за приговорите за првиот круг од локалните избори од партиите треба да се одлучува во рок од 48 часа по поднесувањето. Ќе одлучуваат пет судечки совети составени од по петмина судии од Управниот суд избрани по пат на жрепка. Тужбите електронски ќе им се распоредуваат на судиите, а одлучувањето ќе биде на јавни седници, велат од Управниот суд.
ДИК ги одби сите поднесени приговори за првиот круг од локалните избори. Најмногу приговори поднесе ВМРО-ДПМНЕ, а приговори имаа и Алијанса за Албанците, ТМРО и Левица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст