| четврток, 6 декември 2018 |

Маринковиќ ја открива шемата по која го изневерувала Гоца

Гоца Тржан и Иван Маринковиќ продолжуваат да си го вадат валканиот веш, па сега Иван открива која е причината за разводот со пејачката, која го изневерувала. Според него, се развеле по пет години брак кога дознал дека го изневерува.

-Се викаше Марко. Ѝ се јавија од една телевизија да оди со две познати личности во Шкотска да рекламира алкохолни пијалаци. Ми беше чудно, зашто Гоца не пие алкохол, а прифатила да рекламира таков производ. Јас од секогаш сум сакал да одам во Шкотска, заради фудбалот. Кога се врати во Белград, почнаа проблемите. Тогаш забележав дека шара, дека го крие телефонот. Почна да излегува со тоа момче. До тогаш одевме на свадби, на прослави заедно, како маж и жена, а по Шкотска почнав да забележувам дека ме избегнува. Почна да ми кажува дека со пријателите од Шкотска ќе оди на вечера, а мене не ме вика. Па одеше да скока со некојси параглајдерист. Кога ѝ реков да дојдам да ја снимам, ми рече дека мора да се консултира со продуцентот. Жената ѝ рекла дека можам да дојдам, а таа ми рече да не доаѓам. Набрзо бев сигурен дека ме изневерува, раскажал Маринковиќ во реалното шоу во кое учествува.

На ред е да му врати пејачката.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top