Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 8 октомври.
Денеска е Преподобна Пелагија.
Оваа Пелагија потекнуваше од Антиохија и Господ и дал голема телесна убавина. Таа своја убавина Пелагија ја користеше за блуд, па така собра големо богатство. Еден ден таа отиде во црквата во која проповедаше епископот Нон и ја слушна неговата беседа за страшниот суд. Тоа толку ја потресе, што реши сосема да се измени. Откако Нон ја крсти, таа отиде во Ерусалим и се затвори во една келија на Елеонската Гора, живеејќи како монах Пелагиј. Откако преку пост и молитва ја исчисти душата од страстите, таа се удостои за небесното царство и се упокои околу 461 година. Денес се слави и преподобна Таиса, која има слично житие како и Пелагија.
Преданијата за овој празник велат дека денеска треба да се помолиме за прошка на сите гревови, доколку постои нешто што сте направиле, а ве мачи. Доколку се покаете искрено и се помолите од срце, велат дека се исполнуваат они најголемите желби – прошка за сите гревови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст