| четврток, 6 декември 2018 |

Генерално собрание на европските инженери во Скопје

Скопје денеска е домаќин на 14. Генерално собрание на Европската асоцијација на инженерски комори (ЕЦЕЦ).

Собранието го организира Комората на овластени архитекти и овластени инженери, а покровител е претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов.

На Генералното собрание ќе бидат присутни претседателите на сите европски инженерски комори.

Организаторите најавуваат обраќање на претседателот Иванов, изјави од претседателот на Европската асоцијација на инженерски комори Чртомир Ремец и на претседателот на Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Македонија Миле Димитровски, како и присуство на министерот без ресор, задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија Зоран Шапуриќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top