| четврток, 6 декември 2018 |

Ексклузивна вест: Милошевиќ боледувал од шизофренија

Радмило Богдановиќ во службена белешка го известува Борисав Јовиќ за деталите од здравствениот картон на Слободан Милошевиќ. Документот со ознаката „строго доверливо“ пред два дена го објавил поранешниот премиер и сојузен министер за внатрешни работи Зоран Живковиќ.

Поранешниот претседател на СРЈ и Србија боледувал од шизофренија и дијабетес. Живковиќ ги поткрепува овие тврдења со доверлив документ од 1990 година, потпишан од Радмило Богдановиќ, тогашен секретар на Републичкиот секретаријат за врантрешни работи (ранг на денешен министер за внатрешни работи). Копијата што ја објавил Живковиќ е одговор на Богдановиќ на барањето на Борисав Јовиќ, тогашен претседател на Претседателството на СФРЈ, во кое го известува за податоците од медицинската документација на „другарот Милошевиќ, претседател на Претседателството на СР Србија“.

Која дијагноза му била утврдена на поранешниот претседател на Србија и како ја оценуваат лекарите неговата здравствена состојба и работна сопсобност засега Курир открива само во печатеното издание

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top