Околу 25 мигранти веќе 4 до 5 месеци се „заклучени“ во двата кампа во Македонија и не им се дозволува да продолжат кон Европа – известуваат од невладината организација „Легис“, која спроведува мониторинг на транзитните центри за бегалци во Табановце и Гевгелија.
– Во моментот во двата кампа има 25 лица, но бројот се менува на дневна основа. Тие што доаѓаат во кампот преминуваат преку јужната граница и остануваат од два до три дена во зависност од тоа дали имаат потреба од здравствена грижа или да побараат азил или привремена заштита. – јавуваат од Легис.
Според оваа невладина организација, во центрите има задоволителни услови за греење и сите жители на кампот имаат пристап до санитарни објекти, кујна, простори за рекреација за деца, како и до основна здравствена нега, храна, лекови и облека. Но, поради недостиг од социјализација, некои од жителите се соочуваат со депресија бидејќи се во кампот повеќе од 4-5 месеци, а од кампот им е дозволено да излезат само со придружба, односно им е ограничена слободата на движење.
„Легис“ реагирал кај народниот правобранител за затворената политика на кампот за влез и излез на луѓе. Кога Канцеларијата на народниот правобранител реагирала до Министерството за внатрешни работи, вратите на транзитниот центар биле отворени неколку дена, но потоа повторно надлежните ги затвориле. Народниот правобранител извршил посета на терен и заклучил дека одлуката на министерот не се почитува во целост, односно спроведувањето зависело од добрата волја на вработените на смена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
Мигрантите го пробија кордонот во БиХ и се упатија кон хрватската граница (видео)
-
Војници на АРМ стрелале во воздух на границата со Грција за да спречат нелегално минување на мигранти