| четврток, 6 декември 2018 |

Стојаноски и Ногачески ги презедоа градоначалничките функции во Охрид и Дебрца

Јован Стојаноски денеска и официјално ја презеде функцијата градоначалник на Охрид.

На Стојаноски му беше врачено уверението од страна на  Општинската изборна комисија, а потоа тој и неговиот претходник Никола Бакрачески имаа средба и примопредавање на должноста.

На средбата биле разменети мислења околу функционирањето на Локалната самоуправа и клучните приоритети и проекти важни за развојот на општина Охрид.

На функција денеска стапи и градоначалникот на Општина Дебрца Зоран Ногачески, како и советниците одновиот состав на Советот на општината.

Ногачески веднаш по преземањето на должноста изјави дека ќе биде градоначалник за сите, а новата Локална самоуправа транспарентна, услужна, правична, отворена за сите граѓани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top