Љубовта на Јелена Розга и Стјепан на многумина им служеше како инспирација.
Се верија, но за свадба немаше никакви планови а Розга изјави дека ќе останат вечно верени.
Иако важеа за среќен пар, неодамна тие ставија крај на својата врска а по тој повод Розга се огласи за прв пат.
-Секоја грешка, и секоја животна одлука за мене беше школо од кое учев.Бев тврдоглава и не ги признавав грешките, но тоа беше процес на учење. Се што сум денес, сум поради тие грешки и порази. Денес ги признавам грешките а успесите ги славам. Денес сум повозрасна и го слушам срцето, но и разумот што ми вели, и правам одлука но само времето ќе покаже дали тие одлуки биле вистински или не- рекла таа.
Розга и после љубовниот бродолом не губи верба во љубовта.
– Секој ден е нов почеток, нова прилика за живот, за љубов и дружење, за славење на убавите нешта во животот, јас за тоа живеам. Човек ја препознава љубовта само тогаш кога ќе ја искуси, без разлика како ја дефинира, љубовта е единствената вистина во историјата на човештвото, а јас сум жена во чие срце секогаш љубовта ќе живее- рекла Розга з магазинот „Стори“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст