(Отворено писмо од Борис Змејковски- еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ и прв генерален секретар на партијата)
Почитувани граѓани на МАКЕДОНИЈА,
Почитувани граѓани на Бутел, Кисела Вода, Гази Баба и од сите општини каде има втор изборен круг,
Браќа и сестри членови на ВМРО- ДПМНЕ,
Македонија никогаш не се откажува, Македонија никогаш не се предава, Македонија никогаш не ја прекинува борбата. ВМРО- ДПМНЕ е темелот на НЕЗАВИСНА И САМОСТОЈНА МАКЕДОНИЈА и никогаш нема да се откаже и предаде во својата политичка борба. Животот носи успеси и победи, но и падови и тешки мигови, но никогаш не се прекинува ИДЕЈАТА. Дури и кога си соочен со неправди и опструкции, со кражба на избори, треба да се исправиш гордо и достоинствено и уште посилно да зачекориш напред, затоа што победите ги добиваат ИСТРАЈНИТЕ И УПОРНИТЕ, оние на кои МАКЕДОНИЈА ИМ Е ВОДИЛКА, оние на кои Бутел, Кисела вода и Гази Баба им се бастионите на ИДЕЈАТА на ВМРО.
Порачувам до сите, членови, симпатизери и граѓани кои си ја сакаат својата општина и својата татковина, да не очајуваат и да не паѓаат во духот. Борбата за бастионите на ВМРО-ДПМНЕ, бастионите каде што се брани Македонија не заврши, туку сега почнува. Се обидоа да не разединат, да не раскараат, да не депримираат, но НЕМА ДА ДОЗВОЛИМЕ ДА НЕ СКРШАТ. Обединети и силни ќе им покажеме дека умееме да понудиме програма, проекти, кадри, но и дека умееме да издржиме пред налетите. ИДЕЈАТА на ВМРО, ВМРО-ДПМНЕ ќе ја покаже својата одлучност и големина токму во Бутел, Кисела Вода, Гази Баба, Штип, Виница, Градско, Демир Капија, Пробиштип, Росоман, Долнени, Зрновци, Јегуновце, Кавадарци, Карбинци Македонска Каменица, Македонски Брод, Брвеница, Могила, Новаци, Чешиново – Облешево….
ВМРО е идеја, нескршлива идеа која не обединувала како едно семејство. Затоа браѓа и сестри да ги оставиме разликите и несогласувањата, да ги збиеме редовите и достоинствено да ги одбраниме своите бастиони. Ретки се моментите во животот кога ќе се рече дека човек има шанса, еве ја таа шанса, тоа се изборите на 29ти. Ако се пропушти, многу работи ќе бидат поинакви. Вашиот глас е и порака, порака за оние кои на сила дојдоа на власт, порака на оние кои потпишаа штетен договор со Бугарија, за оние кои името не им значи ништо и на оние кои наместо со проекти, главниот адут им е притисокот и полицијата. Порака дека апсолутната власт која сакаат да ја инсталираат во Македонија ќе значи дефинитивен крај на слободата во Македонија. Порака за тоа дека нема да успеете. Македонија е силна, Македонскиот народ е мудар.
ВМРО-ДПМНЕ е многу повеќе од поединечните суети и тоа ќе не надживее сите. Затоа да оставиме пример на идните генерации членови на ВМРО дека и кога било тешко не сме се откажувале, сме станувале и на крајот сме победувале, бидејќи тој пример што ќе го дадеме сега ќе живеее со години и децении, ДЕКА СМЕ СЕ ОБЕДИНИЛЕ ВО ТЕШКИ МОМЕНТИ, ДЕКА СМЕ ЖИВЕЕЛЕ ЗА ИДЕЈАТА ДА НЕ ПОТКЛЕКНЕ И ДЕКА ВМРО- ДПМНЕ ПОБЕДИЛО ВО Бутел, Кисела Вода, Гази Баба, Штип, Виница, Градско, Демир Капија, Пробиштип, Росоман, Долнени, Зрновци, Јегуновце, Кавадарци, Карбинци Македонска Каменица, Македонски Брод, Брвеница, Могила, Новаци, Чешиново – Облешево…. Таа победа нема да биде само победа на кандидат за градоначалник на општината. Таа победа е победа на ВМРО-ДПМНЕ, таа победа била на народот, таа победа била за нашата ТАТКОВИНА – МАКЕДОНИЈА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст