| четврток, 6 декември 2018 |

Вардар без Стоилов и Македа против Целје

Македонскиот претставник Вардар во сабота со почеток во 17:45 го игра натпреварот од СЕХА лигата против Целје.

За овој натпревар шпанскиот стратег на клупата на црвено-црните, Раул Гонзалес не ќе може да смета на услугите на Шпанецот Македа и Стојанче Стоилов.

Стоилов кој е капитен на Вардар нема да настапи поради повреда на коленото, Македа заработил повреда на мускулот во натпреварот против ППД Загреб.

Покрај овој двоец, надвор од терените е и Рожерио Мораес кој се повреди во дербито од Лигата на шампионите во Скопје против шпанска Барселона.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top