Драгана Велковска во Град Скопје, Бранко Ристов во Карпош и Влатко Трајков во Росоман се тројцата советници од редовите на партијата Левица.
-Советниците на Левица достојно ќе ги бранат приципите на левичарското движење, односно ќе поддржуваат исклучиво политики кои се во интерес на граѓаните.Нема да правиме пазари со ниту една партија, нема да влегуваме во зделките на бизнис-лобијата. Горди сме на нашиот успех затоа што ова се првите советници на една левичарска партија по долги години во Македонија, вели Савески за Макфакс.
Од Левица додаваат дека резултатот на овие избори е значајно подобрен за партијата бидејќи во 11 општини каде што Левица имаше листи гласале над 1500 граѓани повеќе за разлика од парламентарните избори. Минатата година во овие општини партијата имала 9500 , а сега освои вкупно 11000 гласови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст