| четврток, 6 декември 2018 |

Kоневски: Фејсбук страницата „Ивица Коневски за Аеродром“ е лажна и зад неа не стојам јас

Доскорешниот градоначалник на Општина Аеродром Ивица Коневски информира дека на социјалните мрежи е направена група која го користи неговото име и неговите фотографии, но не е негова, тукуе лажна.


„Би сакал да Ве информирам дека Фејсбук страницата „Ивица Коневски за Аеродром“ е лажна и зад неа не стојам јас, туку без моја дозвола и знаење се злоупотребуваат моето име и лик. Би ве замолил од таму да не преземате информации, бидејќи со тоа се манипулира јавноста. Мојата официјална страница на оваа социјална мрежа е Ivica Konevski. Ви благодарам за соработката“, пишува Коневски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top