Еден од најпознатите магионичари на светот Дејвид Блејн е обвинет за силување. Од полицијата наведуваат дека случајот се истражува, а Блејн ги негира сите обвиненија.
Поранешната манекенка Наташа Принс го обвини Блејн во интервју за „Дејли бист“ дека ја силувал во Лондон 2004 година, неколку месеци по нејзниот 21. роденден.
Според пишувањата на весникот, британската полиција го повикала Блејн да дојде во Британија на испитување поради инцидентот во Лондон 2004 година.
Адвокатот на познтиот магионичар ги негира сите обвинувања и додава дека ќе соработува со полицијата ако има истрага.
Обвинувањата против Блејн доаѓаат во време кога цел Холивуд говори за бројните обвинувања за сексуалено вознемирување и злоупотреба против познатиот продуцент Харви Вајнштајн.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст