За лозарите имам еден конкретен проект кој е економски и стопански издржан, а тоа е изградба на погон или фабрика за дестилат, истакна кандидатот за градоначалник на општина Кавадарци од ВМРО-ДПМНЕ Митко Јанчев, кој заедно со неговиот противкандидат Бетиан Китев од СДСМ беше гостин во „Анализа“ на Телевизија 24.
-Во години кога имаме вишок на род на грозје, ние треба да најдеме што да правиме, затоа што кога ќе се добие технолошка зрелост, мора да го обработите во тој момент. Кога има повисоки родови во годината, ние предлагаме тоа да се претвори во алкохолен дестилат и да се претвори во државна резерва со загарантирано плаќање, со загарантиран откуп и со загарантиран пласман. Тоа ќе го добие секој лозар, секој грозјепроизводител- сигурен пласман, ќе добие релаксирана ситуација, а во делот на винариите ќе добиеме порелаксирани винарии кои ќе си направат план да си откупат толку колку што сакаат и колку што им треба. Второ, сивата економија во делот на производство на нелегално вино и ракија ќе ја намалиме драстично.
Овој проект, според Јанчев, има и стопански и економски и државен интерес.
-За ова, изработена е и студија и направен е комплетен проект. Тоа е единственото трајно решение за лозарите со пласманот на грозјето, додаде Јанчев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст