| четврток, 6 декември 2018 |

Закани во Агенција за патишта: Ако гласаат на 29 октомври, договорите за работа нема да им бидат продолжени

Луѓе кои работат на патарините сведочат дека директорот на Агенција за патишта на сите кои биле вработени со договор на дело до 31.12.2017, а за кои во аналитичкиот центар на СДСМ процениле дека се симпатизери и гласачи на ВМРО-ДПМНЕ, им се заканил дека доколку гласаат на 29-ти октомври во вториот круг на локалните избори, договорите за работа нема да им бидат продолжени, пишува порталот Денешен.

Според порталот, изворите кои побарале да останат анонимни велат дека имаат имаат и снимки за овие закани кои ќе бидат доставени до јавното обвинителство.

Ваквиот начин на притисок за СДСМ не е воопшто нов. На ист начин СДСМ се закануваше и за референдумот за територијалната прераспределба во 2004 година за кој СДСМ имаше намера да го урне и да нема цензус. Па така, постарите паметат дека тогаш СДСМ на сите административци им се закани со бркање од работа доколку се појават и гласаат на референдумот.
На овие избори ваквите директни закани и уцени беа само дел од целокупниот терор кој СДСМ го спроведуваше на локалните избори, со што успеа да спречи десетици илјади граѓани под директна закана да се појават на гласачките места, пишува Денешен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top