| четврток, 6 декември 2018 |

Граѓани од Кавадарци, Неготино и Демир Капија се жалат на притисоци: Ве знаеме дека сте од ВМРО или не изглегувајте на гласање или ќе летате од работа!

Голем број на граѓани од Кавадарци, Неготино и Демир Капија се жалат дека деновите пред изборите во неделата биле искористени од страна на функционери на СДСМ за вршење на нечовечки притисок и влијание за користење на избирачкото право.

Според информациите кои ни се доставени, во четвртокот, петокот и саботата пред гласањето,  познати активисти на СДСМ во касните ноќни часови после 22:30 часот оделе по куќите на познати активисти на ВМРО-ДПМНЕ и вршеле притисок со закани и брутални уцени за да се загрози гласачкот право на граѓаните.

-Ве знаеме дека сте од ВМРО. Или не изглегувајте на гласање или ќе летате од работа, била пораката од функционерите на СДСМ.

 Некои од лицата кои се јавија во нашата редакција сведочат дека заканите биле дрски, нечовечки и се граничеле со дивеење.

-Ми влегоа дома околу 23 часот. Ако гласаш женати ќе биде избркана од работно место. Не се обидувај да пријавуваш во полиција бидејќе не ти помага никој, само проблеми ќе имаш, вели граѓанин од Неготино.

Во Демир Капија заканите биле кон земјоделците.

-Ако сакаш субвенции догодина тогаш поседи си во недела дома, му било порачано на граѓанин земјоделец од градот на југот.

Ова покажува дека некои лица од власта вршеле груб терор врз граѓаните и дека според нивните тврдења, постоела и вмешаност на полициски структури во овој заговор против слободната изборна волја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top