| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ врши притисок врз вработените во РЕК: Ако излезеш да гласаш на 29-ти, ќе си останеш чистач

Невидениот притисок со директни закани и уцени од страна на СДСМ кон граѓаните продолжува. Во рамките на нивната акција да се уценат гласачи на ВМРО-ДПМНЕ да не излезат и да гласаат на изборите, сега на мета се жителите на Новаци, општина во која во вториот круг ќе се одлучува за идниот градоначалник, меѓу кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.
Голем дел од жителите на оваа општина работат во РЕК Битола, а оние кои се детектирани како симпатизери и поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ се прераспоредени на работните места во периодов – па така, има примери каде луѓе од позиции на ракувачи на станици се преместени да работат како чистачи.

-Ме преместија, прашав зошто, па ме викна еден колега и ми рече – ова ти е поздрав, ако излезеш да гласаш на 29-ти ќе си останеш да бидеш чистач. Па ти сега размисли што ќе правиш и како ти одговара, вели анонимен вработен во РЕК-от кој не криел дека е симпатизер на ВМРО-ДПМНЕ, поради што е и детектиран и врз него е извршена закана.

Тој вели дека вакви притисоци се вршат на сите негови колеги, а сведоштва од целата држава велат дека на ваков начин повеќе десетици илјади граѓани под директна закана биле задржани дома и не излегоа на гласање.

Нешто слично се случуваше во РЕК Битола и пред митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје на 13-ти октомври, кога луѓето ги задржуваа на работа за да не можат да стигнат на собирот во Скопје.

Оваа акција за закани и уцени е дел од целокупниот план на СДСМ за изборен инженеринг и фалсификување на волјата на граѓаните и резултираше со многу намалена излезност во првиот круг. Аналитичарите велат дека многу граѓани плашејќи се од заканите останале дома сметајќи дека сепак кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за кој би гласале сигурно ќе победи.

Поради епилогот од првиот круг и продолжувањето на ваквите закани се очекува масовна излезност на изборите во вториот круг и казнување за политиките на притисок на СДСМ.

Покрај со закани и уцени, според сведоштва на граѓаните и полицијата СДСМ на овие избори се служеше со поткуп кој во 90% од случаите беше штитен токму од партиски кадри во МВР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top