| четврток, 6 декември 2018 |

Нападнал вработена во пошта, па искасапил таксист

Секторот за внатрешни работи Тетово поднесе кривична пријава против 57-годишниот Ќ.Н.од Тетово, кој на 14.10.2017 година физички ја нападнал 21-годишната Ф.А. вработена во „Македонски пошти“ во Тетово.

Откако му укажала дека поради промена на работната смена, ќе треба да почека за уплата, пријавениот удрил со тупаница во шалтерското стакло, при што од парчињата од скршеното стакло истата се здобила со исекотина на лицето. При тоа излегол контролорот, 53-годишниот С.И., кој забележувајќи дека пријавениот држи нож во раката, го замолил да го напушти објектот, при што пријавениот почнал да упатува заканувачки зборови кон С.И., а потоа го нападнал со ножот, нанесувајќи му исекотина во пределот на лицето. Откако пријавениот го напуштил објектот влегол во такси возило, управувано од 60-годишниот М.А., му се заканил дека ќе го убие доколку не го одвезе на одредена адреса. Откако М.А. му одговорил дека има повик од други патници, пријавениот и нему му нанел две убодни рани во пределот на десната рака и една исекотина во пределот на дланката на левата рака.

Од страна на полициски службеници пријавениот бил приведен, а од на судија на претходна постапка му била изречена мерка притвор во времетраење од 30 дена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top