Бројот на држави и градови низ Европа и Америка кои објавија или имаат намера да објават дека ќе го забранат движењето на постоечките или продажбата на нови автомобили со бензински и дизел мотори е се поголем.
Меѓу нив се и две големи европски земји – Велика Британија и Франција. И двете држави планираат да ги забранат автомобилите со мотори со внатрешно согорување до 2040 година.
Холандија, исто така, неодамна најави дека по 2030 година сите нови возила кои ќе се продаваат на овој пазар мора да бидат со нула емисии на штетни гасови, што значи дека Холанѓаните за само 13 години веќе нема да имаат можност да купуваат нови модели кои чиј погон е мотори со внатрешно согорување.
Норвешка, истата цел сака да ја постигне пет години порано, односно прекин на продажбата на нови автомобили со бензински и дизел мотори до 2025 година. Норвешка е инаку европски лидер според продажбата и бројот на електрични автомобили по глава на жител, благодарение на многуте субвенции на кои може да сметаат сопствениците на електричен автомобил, но, исто така, и мерките за дестимулација во форма на повисоки даноци и такси, кога станува збор за купување на модели со мотори со внатрешно согорување.
Но не се само европските земји единствените кои се обидуваат да се справат со загадувањето од издувните системи на модерните автомобили кои како гориво користат нафтени производи.
Кина, која со години, бележи најголем раст во продажбата на нови автомобили во светот, но која исто така има големи проблеми со загадувањето на воздухот во големите градови, планира слични мерки.
Индија е уште еден голем брзо растечки автомобилски пазар во Азија, па властите на оваа земја, исто така, сакаат до 2030 година сите нови продадени автомобили во земјата да бидат на електричен погон.
Да не заборавиме дека покрај плановите на државно ниво за спроведување на мерки за ограничување или укинување на можноста за користење и продажба на бензински и дизел мотори, исти такви планови ќе усвојат или веќе се усвоени од некои големи светски метрополи.
Многу големи светски градови, сакаат нивните улици да бидат поздраво место за живеење на граѓаните што секако ќе биде можно пред се на намалување на штетните гасови произведени од страна на современите автомобили. Меѓу нив се метрополи како Париз, Мадрид, Атина и Мексико Сити, чија намера е да се забрани движењето на автомобили со дизел мотори од 2025 година.
Државата Калифорнија, која во САД е лидер според бројот на електрични и хибридни автомобили на патиштата, исто така, неодамна објави дека ја разгледува можноста за забрана за возила со бензински и дизел мотори, иако тоа не е во согласност со плановите на актуелната федерална администрација.
dodajgas.mk
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст