Кандидатот за градоначалник на Општина Штип од ВМРО-ДПМНЕ продолжува да ги промовира своите проекти пред граѓаните. Тој денеска беше во посета на населбата Осми ноември, каде кажа дека тие не ветуваат, туку дека тие работат и остваруваат, а дека 450 проекти се доказ за тоа дека не ги лажеле граѓаните минатите четири години.
– Сѐ што побаравте, сѐ исполнивме. Денеска ветуваме нешто ново, сите згради во нашиот град кои се направени пред повеќе до 30 години, некои повеќе од 50 години, каде се целосно девастирани, уништени фасадите, ќе бидат комплетно обновени, ќе бидат направени енергетско ефикасни, по сите стандарди со средства кои ќе ги плати Општина Штип. Тоа значи дека зградите во населбата Осми ноември, оние т.н. згради кои се направени по руска технологија, зградите кои се наоѓаат во населбата Автокоманда, кои голем дел од нив се доизградија, надградија и легализираа, зградите кои се наоѓаат во населбата Сењак, во централното градско подрачје, посебно седумте кулите, Општина Штип со сопствени финансиски средства ќе ги направи новите фасади, ќе ги направи енергетски ефикасни, изјави Захариев.
Тој напомена дека со ова ќе биде променет ликот на населбите каде што се наоѓаат овие згради. Тој најави дека и секаде каде што се ставени кровови надвор од сите стандарди тие ќе бидат заменети, за да бидат тие направени максимално безбедни.
-Средства имаме, знаеме како тоа да го направиме, вредни сме и посветени, веруваме дека на крајот вие ќе бидете задоволни
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст