| четврток, 6 декември 2018 |

Ѕинго: Остануваме во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на СПМ, Љубисав Иванов-Ѕинго, во изјава за „Макфакс” вели дека тие и покрај дебаклот на локалните избори, остануваат во коалиција со опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ. Според него, во Кратово немало изборни нерегуларности и тоа, како што вели, е доказ за регуларноста на изборите.

По долгогодишното сојузништво со СДСМ, на изборите 2002 СПМ настапува самостојно. Подоцна, во декември 2003 година, СПМ стапува во коалиција со Демократска алтернатива и со Демократскиот сојуз, за подоцна да влезе во изборниот блок предводен од ВМРО-ДПМНЕ, во чиј состав настапија и на парламентарните избори 2006 година. На овие избори во Македонското собрание беа избрани тројца пратеници од СПМ, и тоа Љубисав Иванов – Ѕинго, Владанка Авировиќ и Зоран Витанов. СПМ беше застапена и во Владата на Никола Груевски со еден министер, Ацe Спасеновски, како министер за земјоделство.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top