| четврток, 6 декември 2018 |

Сајкоски му ја честиташе победата на Дехари

Новоизбраниот градоначалник на Кичево, Фатмир Дехари информира дека неговиот противкандидат од ВМРО-ДПМНЕ Влатко Сајкоски, му се јавил и му честитал за новиот мандат и му посакал успешна работа во интерес на граѓаните.

Двајцата се согласиле дека целата кампања, како и изборниот процес, поминала во најдобар ред и во духот на демократските принципи.

Изборниот процес во Кичево заврши уште во првиот круг, и според објавените резултати кандидатот на ДУИ Дехари ја доби поддршката на граѓаните за уште еден мандат да биде на чело на општинската администрација.

Целата кампања се одвиваше без никакви проблеми и во демократски дух.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top