| четврток, 6 декември 2018 |

Горјан Ѓорѓиев со изложба одбележува 30 години ликовно творештво

Вечер во културно – информативниот центар ќе биде отворена изложба на дела од Горјан Ѓорѓиев, со кои уметникот одбележува 30 години ликовно творештво.

Ѓорѓиев (Скопје, 1965) дипломирал во 1987 на Академија за ликовни уметности во Скопје, отсек сликарство. Од 1988 членува во Друштвото на ликовните уметници на Македонија (ДЛУМ). Учествувал на многу перформанси, групни изложби и ликовни колонии во Македонија и странство, а имал и 17 самостојни изложби. Јубилејната изложба на Ѓорѓиев во КИЦ ќе биде отворена до 30 октомври.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top