Под влијание на влажен и студен воздушен бран од понеделник ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, повремено пообилни. Од ноќта кон вторник ќе почне да дува повремено засилен северен ветер, врнежите ќе продолжат и во текот на следниот ден, а на југоисток ќе има услови за локална појава на грмежи.
Како што информира Управата за хидро-метеоролошки работи, дневната температура значително ќе се намали, особено во вторник, кога ќе изнесува до 15 степени.
На повисоките планини на север се очекува врнежите да поминуваат во снег. Во ноќта среда кон четврток врнежите ќе се преместат на југоистокот и ќе престануваат.
Вкупните врнежи од овој влажен и студен воздушен бран наместа ќе надминуваат 40 литри на метар квадратен, а брзината на северниот ветер, кој особено ќе засилува во вторник, повремено ќе е и над 60 километри на час
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст