Новите раководни луѓе во Формула 1 сакаат да внесат нова доза на шоу, обидувајќи се да го вратат реномето на „најбрзиот циркус“ како во некои минати времиња. Тоа се обидуваат да го сторат со приклучување на други спортски ѕвезди.
Така, на следната Ф1 трка во Остин претстојниов викенд, ќе биде присутен најбрзиот човек на светот Усаин Болт. Тој и дефинитивно се повлече од атлетиката, но неговите светски рекорди и понатаму остануваат на сила.
Усаин Болт треба да ја стартува трката за ГН на Соединетите Американски Држави.
-Во Соединетите Американски Држави, како никаде на друго место, спортските настани се претворени во вистинско шоу. Тоа секако сакаме да го имаме и во Формула 1, изјави Шон Бречес, бизнис – директорот на групацијата Формула 1.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст