Шпанија в сабота ќе почне постапка за укинување на автономијата на Каталонија, откако нејзиниот лидер Карлес Пуџдемон се закани дека ќе прогласи независност.
Во соопштението од канцеларијата на шпанскиот премиер се наведува дека владиниот кабинет ќе се состане в сабота, кога и ќе го активира Членот 155 од Уставот, со што се овозможува Мадрид да преземе контрола врз овој автономен регион. Претходно, Мадрид му даде рок на Пуџдемон денеска до 10 часот по локално време да ја повлече заканата за прогласување независност, а во спротивно Шпанија ќе ја укине автономијата на овој регион.
На само неколку минути пред истекување на ултиматумот, каталонскиот лидер денеска објави писмо, со што го игнорираше барањето на Шпанија.
Во писмото испратено вчера до шпанскиот премиер Маријано Рахој, а јавно објавено денеска неколку минути пред 10 часот, се наведува дека каталонскиот регионален парламент може да гласа за формално прогласување независност од Шпанија доколку централната власт одбие преговори со Барселона. Странските медиуми оценуваат дека по ова најверојатно ќе се запали „искрата“ меѓу Мадрид и Барселона, а постојат стравување дека спорот може да прерасне и во граѓанска војна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст