| четврток, 6 декември 2018 |

Северна Кореја се закани дека ќе ги нападне САД кога најмалку очекуваат

Северна Кореја се закани со „незамислив“ удар врз САД во момент кога тоа најмалку ќе го очекуваат, јави севернокорејската новинска агенција КЦНА.

Агенцијата го објави ова соопштение во врска со маневрите на Јужна Кореја и американската морнарица, во кои учествува носачот на авиони „Роналд Реган“, кои се одвиваат во близина на Корејскиот Полуостров.

– САД очевидно го загубиле разумот штом толку ни се приближија, а ние ги идентификувавме нивните цели. Тие мора да знаат дека нашите авиони ќе ги погодат кога најмалку очекуваат, објави КСНА.

Американската морнарица спроведува заеднички воени вежби со бродовите на Јужна Кореја кај брегот на Корејскиот Полуостров од 16 до 25 октомври. Маневрите се изведуваат во Јапонското и Жолтото Море.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top