Да било онака како што сакале родителите на младиот Марк Беш, автомобилскиот гигант „Фолксваген“ би бил побогат за цели 25 милијарди евра. Швајцарецот до Биел, сосема случајно го разоткрил скандалот со дизел моторите, пишува денешниот број на германскиот весник „Шпигел“.
Марк, заедно со двајца негови колеги од Универзитетот Западна Вирџинија истражувале како „Фолксваген“ успеал да направи дизел мотор кој испушта толку малку издувни гасови. Институтот на колеџот воден од професорот Ден Кардер имал доста искуство со вакви тестови, како и сопсвен уред за мерење на емисијата на издувни гасови со кој тестирале во реални услови.
Во ваквите тестови обично возилата се поставуваат во гаража каде тркалата се поставени на подвижни валјаци на кои возилото во симулира своето движење во сообраќајот, троши гориво и работи како при нормално возење на пат, а ваквите тестирање знаат да покажат нереални резултати.
Сепак, Беш и неговите двајца колеги направиле повеќе тесотви на отворено во кои моделите на Фолксваген – Пасат и Џета испуштале над 20 пати повеќе штетни гасови од дозволенто.
– Си помисилив, да не правам нешто погрешно? Не може ова да се точните резултати…инструментите да не ни се расипани, вели Беш кој тогаш бил во програмата за мастер студии.
Сепак резултатите од нивните тестирања се покажале како точни. „Фолкваген“ систематски го манипулирал софтверот за возилата.
– Нашата цел не беше да ги уништиме или да им направиме сериозни проблеми. Тоа беше само еден мал мал истражувачки проект кој се разви во нешто крупно.
По аферата, неговиот живот станал многу по стресен.
– Кога аферата излезе јавно во сите медиуми, знаев дека мојот живот како нормален студент и инжинер е готов, завршува Беш.
Неговата мајка тоа го потврдува, но вели и дека доколку тој ги следел нивните планови, ништо од ова немало да се случи. Неговиот татко има свој автомобилски сервис во Швајцарија, кој Марк трбало да го преземе по завршувањето на високото образование. Сепак, тој не бил заинтересиран за вакво нешто, па и покрај притисоците од родителите да го наследи сервисот, тој се решил да продолжи со образованите во САД каде дошле до големото откритие.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст