| четврток, 6 декември 2018 |

Објавени најстрашните локации во Англија во пресрет на Ноќта на вештерките

Здружението Инглиш херитејџ објави список на неколку најстрашни историски локации на кои се појавуваат духови и ноќе се слушаат чудни звуци на плач или хистерично смеење. Списокот е објавен пред Ноќта на вештерките, на 31 октомври.

Според Херитејџ, најстрашно место е дворецот Болсовер на северозапад во Англија. Здание од 17 век изградено врз гробишта. Луѓе велат дека виделе дух на жена која минува низ ѕидови. Виден е и дух на дете кое држи за рака посетител кој не е свесен за таа ситуација.

Страшно место е и средновековниот замок во Кенилвоирт, на север во Англија, каде лута дух на дете кој се појавува во шталата и дух на една жена. На тој имот се слушаат и чекори и остро шкрипење на колевка што се лула.

Во Керисбрук, на југ во Англија, редовно се појавува бледо лице на Елизабет Рафин, девојка која се удавила во бунар или дух во долг мантил заедно со четири кучиња.

Во дворецот Пенденис на југозапад, посетителите можеле да слушаат врисок на девојче кое пред многу години се фрлило низ прозорецот од кујната.

Над урнатини од средновековен манастир, на север во Англија, може да се почувствуваат ненадејни бранови на студ или посетителите чувствуваат дека некој ги држи за рамото.

Ноќта на вештерките е ноќ пред празникот на Сите светители во западнохристијанската традиција

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top