Американскиот писател Џорџ Сондерс ја освои овогодинешната Букерова награда за романот „Линколн во Бардо“ (Lincoln in the Bardo) и со ова стана вториот Американец добитник на оваа награда, објави „Би-би-си“.
Книгата зборува за жалоста на Абрахам Линколн после смртта на неговиот син и посетата на неговиот гроб. Првиот роман на Сондерс „Линколн во Бардо“ се случува во текот на една ноќ на гробишта, а членовите на жири комисијата за деделување на наградата го пофалија романот како „потполно оригинален“ и „длабоко потресен“. Наградата му ја врачила војвотката од Корнвол, Камила.
– Моите приказни се помалку мрачни, цинични и научнофантастични, и не пронаоѓав начин да пристапам на сериозен материјал. Пробав тоа да го направам неколку пати и не ми успеваше, па помислив ‘или немој тоа воопшто да го правиш или почекај да проживееш доволно за да го направиш како треба – изјавил Сондерс.
Инаку, Сондерс досега беше најпознат по кратките раскази, за кои добил повеќе награди.
Во конкуренцијата за Букеровата награда беа и британските авторки Али Смит и Фиона Мозли, Американците Пол Остер и Емили Фридланд и британско-пакистанскиот писател Мошин Хамид.
Наградата се доделува за најдобрите дела нашишани на англиски јазик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.