| четврток, 6 декември 2018 |

ЕУ се уште не може да создаде европска разузнавачка служба

Договорите на ЕУ засега не дозволуваат создавање на разузнавачка служба на Унијата, изјави еврокомесарот за безбедност на Џулијан Кинг.

Тој додаде дека за да има европско разузнавање, освен промена во договорите за ЕУ, би биле неопходни промени и во некои од уставите на земјите во Унијата.

Според него, создавање на европско разузнавање може да биде долгорочна цел, но засега ЕК инсистира на зголемување на соработката меѓу европските разузнавачки служби.

Кинг истакна дека би било добро, на пример, разузнавачката заедница во ЕУ да почне почесто да ја користи базата на податоци на Шенгенскиот информативен систем. Тој додаде дека е потребно во тој систем да се вметнат податоци за осомничени вклучени во терористички активности.

ЕК денеска најави дека до 2025 година ќе работи на создавање идна Европска разузнавачка единица. Кинг објасни дека оваа единица се очекува да биде создадена од страна на разузнавачките служби од земјите на ЕУ како средство за размена на информации, а не како независна служба

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top