Поранешниот градоначалник и Општината Карпош и поранешниот градоначалник Стевчо Јакимовски демантираат дека секретарот на општината поднел оставка. Тие информираат дека со престанувањето на мандатот на градоначалникот на општината, престанува и мандатот на секретарот, по што тој се вратил на старото работно место.
Во соопштението од Општина Карпош се вели дека градоначалникот го именува секретарот на општината од редовите на раководните административни структури.
„Според тоа, не станува збор за никаква оставка, ниту пак Законот за административни службеници познава термин „оставка“ туку распоредување на работно место кое претходно го имал секретарот, пред да биде именуван на функцијата секретар на општината“, наведува општина Карпош.
Ексградоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски во изјавата за медиумите го потврди истото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст