Во врска со сообраќајната незгода што денеска околу 10 часот се случи на булевар Свети Климент Охридски на крстосницата со улица Мито Хаџивасилев Јасмин меѓу полициско возило шкода Јети управувано од И.А. полициски службеник, и велосипедист В.Р од Скопје, МВР ја информира јавноста дека е извршен увид од страна на увидна екипа на СВР Скопје, а во присуство и на службеници на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди коишто веднаш по незгодата се известени за настанот, известен е и јавен обвинител при ОЈО Скопје.
При незгодата велосипедистот В.Р. се здобил со телесни повреди, пренесен е во ГОБ „Свети Наум Охридски“, и по укажаната прва помош пуштен е на домашно лекување, велат од МВР и додаваат дека СВР Скопје, заедно со Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди работи на целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст