| четврток, 6 декември 2018 |

Епидемија од мали сипаници на Косово, почина дете

Околу сто жители на Приштина имаат мали сипаници, а морбилите однесоа и еден живот, пренесува РТС. Епидемија на морбили има и во српските енклави на Косово.
Епидемија на мали сипаници се јавува по 16 години. Заводот за јавно здравје од Косовска Митровица пријавил четири заболени лица и осум кои биле во контакт со заболените, затоа на територијата на целата земја се применуват засилени мерки на надзор и вонредна вакцинација на невакцинираните.
Четирите заболени лица се хоспитализирани и се во добра општа состојба. Се работи за невакцинирани или нецелосно вакцинирани лица.
На 13 октомври бил пријавен случај во Врање, од општина Бујановац, анализите се во тек, но бидејќи лицето било во контакт со заболените од Приштина, се очекува да се работи за морбили.

-Од 2016 година има 9000 заболени од морбили. Вo Романија има 43 смртни случаи, епидемија има и во Македонија, Австрија и постои ризик од трансмисија, особено во есенскиот период, предупредуваат српските епидемиолизи.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top