Фудбалскиот клуб Вардар во пресрет на утрешниот дуел со Реал Сосиедад од Лигата на Европа ги повика навивачите кои утре ќе бидат присутни на средбата со Реал Сосиедад, порано да дојдат на Стадионот за да може навреме да влезат.
Интересот за натпреварот помеѓу Вардар и Реал Сосиедад е голем. Затоа Фудбалскиот клуб Вардар апелира сите гледачи да дојдат на стадионот порано. Во спротивно клубот не може да гарантира навремен влез на стадионот. Вратите на стадионот се затвораат во 18:30 часот, половина час пред почетокот на дуелот.
„Апелираме на сите посетители на стадионот дека седењето на скали е строго забрането. Секој кој ќе биде забележан да седи на скалите, ќе биде опоменат од обезбедувањето, и доколку не го заземе своето место, ќе биде отстранет од стадионот. Апелираме навивачите спортски да го поддржат нашиот тим во согласност со прописите и законот, без извици и пароли на национализам и расизам“, соопштија од Вардар.
Натпреварот Вардар – Реал Сосиедад од 3. коло во Лига Европа се игра утревечер со почеток во 19 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст