Според податоците што ги објави Државната изборна комисија (ДИК) во советот на општина Гостивар најмногу мандати ќе има ДУИ – девет. За нивата листа гласале 8.428 гласачи односно 24, 78%.
Втора по бројност ќе биде советничката група на Алијансата за албанците со седум членови, а нивната листа на неделните избори добила поддршка од 6.822 гласа (20,05%). По четири мандати освоија коалициите предводени од СДСМ 4.510 и ВМРО-ДПМНЕ 4.603, за нив гласале (13,26%), односно (13,53%) од избирачите.
Три политички партии во новиот состав на гостиварскиот совет ќе бидат застапени со по двајца претставници. Коалицијата на Националната демократска преродба (НДП) и Унитети освоија два мандати со 1.891 (5, 56%) од гласовите .
По толку имаат и Движењето Беса за освоени 2.155 гласа (6,33%) и Демократската партија на Турците (ДПТ) со 2.176 (6,40%). Еден мандат освои Движењето за национало единство на турците (ДНЕТ) кои добија 1.126 гласови (3,31%). Демократската партија на албанците ДПА со 914 гласа (2,69%) не освои ниту еден мандат.
Во општина Гостивар на локалните избори вкупно гласале 34.022 лица (42,72%), а 1.392 ливчиња биле не важечки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст