| четврток, 6 декември 2018 |

Сорос донира 80% од личното богатство на својат фондација „Отворено општество“

Џорџ Сорос подарил 18 милијарди долари од своето лично богатство на Фондацијата „Отворено општество“, со што фондацијата стана една од најголемите светски филантропски организации.

Тој овие средства ги подарил на фондацијата во изминатите неколку години за да ја осигура нејзината иднина. ФОО е втората најголема приватна фондација по фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс.

Средствата кои Сорос ги подарил на фондацијата се од неговото лично богатство, кое што според Форбс изнесува околу 23 милијарди долари.

Првата фондација Сорос ја основа во 1984 година во Унгарија, а Фондацијата отворено општество ја основа во 1993 година во САД. Буџетот на фондацијата за 2017. година изнесува 941 милион долари.

Фондацијата Отворено општество денес има широк мандат, главно базиран на вредностите за кои се бори нејзиниот основач. Таа работи преку мрежа од повеќе од 40 фондации и канцеларии во земји од Авганистан до Јужна Африка.

Како поддржувач на Хилари Клинтон, тој беше отворен критичар на Доналд Трамп, во чија кампања тој го спомена Сорос во завршната кампања како дел од “глобалната структура на моќ”, кој работи против работничката класа. По изборите, ФОО соопшти дека ќе потроши 10 милиони долари за борба против кривични дела поттикнати од омразата, проблем што како што изјави Сорос, бил инициран од кампањата Трамп.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top