| четврток, 6 декември 2018 |

Мицкоски: Нашата борба тука не запира, вековниот стремеж кон вистинска Македонија продолжува

По завршувањето на првиот круг од локалните избори преку социјалните мрежи се огласи генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој им се заблагодари на граѓаните за поддршката.

„Почитувани сограѓани, браќа и сестри, Ви благодарам и Ви се поклонувам што ја поддржавте светлината, разденувањето, желбата за поинаква Македонија. Нашата борба тука не запира. Вековниот стремеж кон подобро утре, посреќна иднина и вистинска Македонија, продолжува. Ајде сите заедно да продолжиме да чекориме по тој пат, ајде сите заедно да се обединиме и да продолжиме онаму каде што застанавме. Ќе се обидат да не негираат, омаловажуваат, понижуваат, делат и што ли уште не…, но Ве молам немојте, ама никогаш немојте да заборавите дека ВМРО тече во вашите вени и е дел од вашите животи, ајде сите заедно да го продолжиме аманетот на нашите дедовци, да му ставиме крај на овој ужас, да го поразиме злото. Немојте никогаш да заборавите: „Племето наше е пиреј и не го ништи ни една војска! Ама ти колку сакаш кошкај ја, корни ја, куби ја, таа пак не умира. Само малку да се допре до земјата и пак ќе оживи, ќе потера. Ништо не ја ништи таа трева”.
Со искрена почит до Вас браќа и сестри“, пишува Мицкоски на Фејсбук.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top