Во рамките на акцијата „Детонатор“ е поднесена кривична прикава за тетовец поради комар и затајување данок.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека е приведен 43-годишниот А.О. од Тетово, кој во период од декември минатата до почетокот на мај годинава во објект на улицата „Орце Николов“ во Тетово без да обезбеди лиценца и одобрение за регистрирање на автомат клуб организирал игри на среќа со покер-апарати и игри со кучиња без да ги плати давачките по Законот за игри на среќа.
На овој начин, тој го оштетил државниот буџет за 5.765.625 денари.
При претрес на неговиот објект каде водел нелегален бизнис се пронајдени десет апарати за покер, еден софтвер апарат и два ЛЦД телевизори наменети за игри на среќа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.