| четврток, 6 декември 2018 |

Болна исповед на Цеца за Тоше: И денес плачам кога ќе го слушнам неговиот глас

Светлана Цеца Ражнатовиќ на десетгодишнината од смртта на Тоше Проески, со голема болка зборува за нивното пријателство за кое вели дека го обележале само убави моменти.

-Тоше е присутен во сите нас благодарение на својата музика. И денес плачам кога ќе го слушнам неговиот глас, вели Цеца за српскиот магазин Курир.

Таа раскажува за нивното дружење, за неговиот живот, но и за трагичната смрт.

-Тоше беше прекрасно момче, посебен човек. Сите останавме без тој ангелски глас, човек, голем хуманист. Кога слушнав за трагедијата бев шокирана буквално, вели Цеца и се сеќава на последниот ден кога го испратила засекогаш…

Целосното интервју е објавено само во магазинот…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top