| четврток, 6 декември 2018 |

Кампања против Субрата Рој, извор таблоид од Бангладеш

Опозициските портали почнаа кампања против милијардерот Субрата Рој, кој денеска дојде во Македонија да ги сненира потенцијалите за да инвестира

getImageThumbnail.axd

Порталот „а1он“ објaви текст со наслов „Субрата Рој- рекет криминалец и измамник?“
Шпекулациите во текстот се земни од таблоид од Бангладеш „Виклиблитц“ кој тврди дека познатиот индиски бизнисмен бил  измамник и криминалец и дека од владата барал закуп на слободно земјиште за изградба на сателитски град во Бангладеш.

Во написот само се зборува за зделка во најава а не и дека истата е реализирана. Таблидите се медиуми каде што се пишуваат непроверени информации и важат за несериозен извор на вести.

Инаку, индискиот милијардер Субрата Рој дојде во Македонија лично да ги скенира потенцијалите. Колку ќе чини бизнисот не одговори, побара неколку дена да прошета, да разгледа, да се информира.

Субрати Рој пристигна со својот син и соработниците. Импресиониран од пречекот на министерот Ставрески, од луѓето, културата, напредокот на земјава. На средбата со премиерот Груевски и дел од владиниот економскиот која траеше повеќе од два часа најавил инвестиции во производство на храна за извоз и туризам.

“Во Македонија планираме голема инвестиција, за нашата групација не се соодветни мали работи. Заинтересирани сме пред се за инвестиција во производство на храна за извоз како и инвестиции во туризмот “ – рече Субрата Рој, основач и сопственик на компанијата „Сахара Индија Паривар“.

„Заинтересиран е за инвестииции во повеќе сектори како што се производство и преработка на прехранбени производи, туризам и хотелиерство, како и развој на туристичките зони. Во наредните три дена детално ќе му бидат презентиреани сите потенцијални сектори и можности каде би можел да инвестира“,изјави министерот Зоран Ставрески.

Индискиот милијардер утре заминува во Охрид. А од земјава во недела. Во неговата групација се вработени околу 2 милиони работници. Бизнисот пред 35 години го стартувал со 40 долари а сега тежи околу 25 милијарди долари. Работи во голем број бизниси, како во финансиите, осигурувањето, градежништвото, изградба на болници, универзитети.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top