| четврток, 6 декември 2018 |

Одлична студентка по медицина се фрлила од катедрала, а пред самоубиството проучувала сериски убијци

Лидија Драгешку (23) била врвна студентка по медицина која сонувала да стане неврохирург. Пред пет години од Романија се доселила во Велика Британија. Јавноста ја памети како одлична натрпеварувачка во уметничко лизгање. Таа се самоубила скокајќи од катедралата Свети Павле во Лондон и ги оставила туристите во шок.

Драгешку напишала две проштали пораки, едната за мајка си, а другата за луѓето кои ќе го видат нејзиното самоубиство.

„Мамо, многу ми е жал што ќе ве вознемирам. Знам дека е тоа природно, но немојте да жалите за мене, бидејќи јас сега сум на подобро место. Го правам ова поради мене, да побегнам. Некое време ќе ви биде тешко без мене, но потоа ќе биде подобро. Мислете за тоа дека сега сум добро. Ти кажав колку те сакам. Жал ми е што ти задавам грижи, но морам да побегнам бидејќи не можам да чекам да видам што има другата страна. Внимавај на себе и ти благодарам за се”, напишала Драгешку.

– Кога замина во 9 часот наутро, ми кажа само „чао мамо” и отиде со автобус до катедралата. И пратив порака во околу 11 часот, но не ми одговори, а никогаш не пропушташе повик или порака – изјавила мајката, додавајќи дека во последно време проучувала литература за убиецот од Сан Франциско, Зодијак, кој убивал во 60-тите и 70-тите години од минатиот век.

– Беше фасцинирана од криминалците и нивните умови – изјави нејзината 44-годишна мајка Изабела.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top