| четврток, 6 декември 2018 |

На пет локации во Скопје ќе се донира храна за бездомници

На пет локации во Скопје денеска почнува акција за донирање на храна „Нахрани 1000“ по повод 17 октомври – Светскиот ден за борба против сиромаштијата.

Во периодот од 10 до 19 часот ќе бидат поставени штандови на плоштадот Македонија, пред Скопје сити мол кај Плеј кафе, пред Веро во Аеродром, пред Домот на градежници и пред Тинексот во Ѓорче Петров. На штандовите ќе може да се донира храна која ќе биде наменета за бездомниците и за сите загрозени семејства.

Целта на акцијата е да се поттикне солидарноста и да се подигне јавната свест за донирање храна на оние на коишто таа им е најпотребна.

Организатори на настанот се граѓанската иницијатива „Мрдни со прст”, „Црвениот крст на Град Скопје”, организацијата „Ајде Македонија”, Здружението на граѓани за помош на бездомници и загрозени семејства „Љубезност”, Сојузот на извидници и организацијата „АДРА”.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top