| четврток, 6 декември 2018 |

За среќа јадете јаболко, пиперка и домат

Научниците тврдат дека не постои сомнеж во поглед на фактот дека оние луѓе кои што во својата исхрана почесто предност даваат на свежото овошје и зеленчук се во многу подобра здравствена состојба и се чувствуваат посреќни.

Истражувањето кое пристига од универзитетот Харвард додава дека благодетите од овошјето и зеленчукот подразбираат дека со честа консумација ние имаме повисоко ниво каротеноиди во крвниот систем.

Токму тие состојки се главните активатори на „среќното чувство“ што може да не следи во текот на целиот ден.

Податоците покажуваат дека луѓето кои јадат најмалку три порции овошје и зеленчук дневно се посреќни и стојат настрана од ризичните однесувања како што се пушењето и претерувањето во алкохол.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top