На пет локации во Скопје денеска почнува акција за донирање на храна „Нахрани 1000“ по повод 17 октомври – Светскиот ден за борба против сиромаштијата.
Во периодот од 10 до 19 часот ќе бидат поставени штандови на плоштадот Македонија, пред Скопје сити мол кај Плеј кафе, пред Веро во Аеродром, пред Домот на градежници и пред Тинексот во Ѓорче Петров. На штандовите ќе може да се донира храна која ќе биде наменета за бездомниците и за сите загрозени семејства.
Целта на акцијата е да се поттикне солидарноста и да се подигне јавната свест за донирање храна на оние на коишто таа им е најпотребна.
Организатори на настанот се граѓанската иницијатива „Мрдни со прст”, „Црвениот крст на Град Скопје”, организацијата „Ајде Македонија”, Здружението на граѓани за помош на бездомници и загрозени семејства „Љубезност”, Сојузот на извидници и организацијата „АДРА”.
Покрај штандовите, во акцијата ќе биде вклучено и комбе на иницијативата „Мрдни со прст“ кое денеска ќе посети компании во Скопје бидејќи, како што соопштија организаторите, бизнис секторот пројавил интерес за акцијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст