| четврток, 6 декември 2018 |

Како ќе изгледа нашиот живот за 200 години?

Американскиот физичар Ален Лајтмен верува дека луѓето за 200 години ќе комуницираат со мислите и со чиповите во главата ќе бидат поврзани со интернет. Тој се плаши од нуклеарна војна и таа може да се случи затоа што „двајца луди водачи се однесуваат како деца“.

– Биологијата и технологијата, работејќи заедно, произведуваат нов вид на човечко суштество и мислам дека во следните 100 до 200 години повеќе ќе разбираме како меморијата е складирана во човечкиот мозок. Верувам дека сите ќе имаме компјутерски чипови во мозокот кои директно ќе не поврзуваат со интернет. Ќе биде доволно само да помислиме на некоја информација која ни е потребна и таа ќе се појави во нашата глава – вели Лајтмен.

Тој верува дека луѓето ќе може да комуницираат меѓусебно преку мислите.

– Можеби човекот ќе изгледа исто за 200 години, но ќе биде потполно поинаков. Верувам дека ќе станеме полумашини и полукомпјутери и дека билогијата и технологијата не водат кон тоа – истакнува Лајтмен.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top