| четврток, 6 декември 2018 |

Јакимовски: Барам одговорност, кога јас ги победив СДСМ, не пратив некој да ги тепа

Лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, бара кривично да биде гонет напаѓачот кој синоќа во штабот на партијата на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ извадил лисици и нож пред присутните и им се заканувал.

-Тие што дојдоа да се тепаат се хулигани, бивши затвореници и членови на подземјето. Како може СДСМ да не се огради и да не го осуди ваквиот настан? Уште помага делото да биде прекршочно, а не кривично. Ова кажува дека политиката и криминалот се заедно, дека СДСМ и криминалот се заедно и дека и натаму ќе продолжат да вршат насилие, вели тој.

Јакимовски додаде дека бил победен од кандидатот на СДСМ, Стефан Богоев, со седум и пол илјади гласови разлика, додека во 2013 година, дека ги победил СДСМ до 11.194 гласа разлика.

-Во тоа време ми облекуваа кучиња со маици, ги вознемируваа моите деца, пишуваа на секоја тараба недолични содржини за мене, ми го труеја кучето и ми скроија венец со натпис „Почивај во мир Стевче“. Што се не кажаа во таа изборна кампања. Но јас сепак не пратив никој да ги тепа откако ги победив. Се носевме достоинствено со победата како сега со поразот – додаде тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top