| четврток, 6 декември 2018 |

Тешка сообраќајка во Кочани – двајцата возачи во болница

Во 02 часот и 30 минути утринава на улицата „Димитар Влахов“ во Кочани, после бензинската на Лук Оил, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Мазда“ управувано од 38-годишниот Д.Г. од селото Уларци и патничко моторно возило „Поло“ управувано од 46-годишниот З.Л. од село Спанчево.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот З.Л. кој по укажаната помош во Јавна здравствена установа Кочани е пренесен во Клинички центар Скопје, а со телесни повреди се здобил возачот Г.Д. кој по укажаната помош е пренесен во Клинички центар Штип.

Увид на лице место извршила екипа од Полицијата од Кочани, при што од возачите земена е крв за анализа, а возилата задржани за технички преглед.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top