| четврток, 6 декември 2018 |

Прилепскиот театар со „Ништо без Трифолио“ гостува во Велес и Куманово

Tеатарот „Војдан Чернодрински“ при НУЦК „Марко Цепенков“ Прилеп со најновата претстава „Ништо без Трифолио“ во режија на Коле Ангеловски, ќе гостува во Велес и во Куманово.

Настапот во Велес е денеска во рамките на 16. издание на Фестивалот на античка драма, додека во Куманово на 18 октомври на 20 меѓународен театарски фестивал „Денови на комедијата“.

Претставата, како што вели авторот Русомир Богдановски, е „комедија во грчко-римски стил напишана по средбата со веселиот дух на римскиот комедиограф Публиј Теренциј Африканец, кој ослободен од телото на својот господар во 159 година пред нашата ера, лута низ вековите“.

– Публиката во двата града ќе ужива со сите сплетки и недоразбирања кои произлегуваат од една основна тема – потрагата по љубов, посочуваат од Прилепскиот театар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top