Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општина Аеродром, Ивица Коневски, му ја честита победата во првиот круг на противкандидатот Златко Марин, поддржан од СДСМ.
„Дозволете ми на крајот од овие локални избори јавно да му ја честитам победата на мојот противкандидат Златко Марин и да му посакам успешна градоначалничка кариера.
Исто така, им се заблагодарувам на сите граѓани кои осум години нѐ подржуваа, како и голема благодарност до сите мои соработници кои и во најтешките моменти останаа со мене.
Функциите се минливи, но нашите дела остануваат бесмртни, а нашите поддржувачи можат да бидат горди на тоа што го направивме изминатите два мандата.
Заминуваме со крената глава, затоа што создадовме многу за нашиот Аеродром“, напиша Коневски на Фејсбук.
Според податоците добиени од 94,62% од обработените избирачки места, Ивица Коневски освои 17.490 гласови или 43,24% од вкупно 40.450 избирачи кои го оствариле своето право на глас. Златко Марин освои 21.106 гласови или 52,18%.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст